Утрински Весник
Македонија

„Глобален женски појадок 2020“, можност за размена на искуства и планирање идна соработка

„Глобален женски појадок 2020“, можност за размена на искуства и планирање идна соработка
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Жени активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип организации се собраа денеска на „Глобален женски појадок 2020“ во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија со цел да ги споделат различните искуства во десегашната кариера и да разгледаат можности за идна соработка. Притоа, тие упатија и порака дека земјава има жени квалитетни кадри во сите области и оти тие заслужуваат да го предводат развојот и на науката и на општеството воопшто.

-Верувам дека денешниот собир е извонредна прилика за споделување, искуства, вештини, знаење информации, контакти и идеи. Она што се случува на локално ниво, вмрежувањето на национално ниво, натаму да прерасне во вмрежување на интернационално ниво и со тоа да се придонесе во градење на идни лидери во науката, но и воопшто во останатите делови на живеењето, рече Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Женското лидерство, особено лидерство во науката е нешто што му е неоходно на нашето  општество и воопшто на човештвото. Свесна е вели, за напорите што една жена и мајка треба да ги направи за на професионален план да биде еднакво почитувана и ценета како и колегите, но и да најде време и енергија да се посвети на науката и на професијата.

-Се уште треба да се работи на целосна родова еднаквост во политиката, во бизнисот и науката, но за жал и во нашите размислувања менталитет и култура на живеење. Затоа мора уште поенергично да се бориме за потполна еднаквост, рамноправност, институционално, но и индивидуално во нашата средина и нашиот дом. Борбата да биде за квалитет, не за квалитет. Не се соменевам дека имаме извонреден потенцијал, дека имаме жени лидери кои можат да го предводат развојот и на нашата наука, но и да бидат лидери и во општествените процеси, рече Ѓоргиевска.

Марина Стефова, раководителка на Институтот за хемија, кој е организатор на настанот, се согласува дека и натаму е потребно да се работи на промоција на родовата еднаквост во нашето општество.

-Освен тоа, ние треба и меѓу себе да се поттикнуваме едни со други, да се подржуваме едни со други за да преземеме позначајни чекори и да заземеме некои позначајни позиции во општеството кои ќе ни помогнат на сите заедно да одиме напред, рече Стефова.

На средбата беа упатени и пораки дека треба да се зголемат средствата за науката во земјата, а младите да се мотивираат да ги изучуваат природните науки. Претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, потенцираа дека можат да се користат и средства за развој на образованието и образовни активности, за отворање сопствени бизниси и за комерцијализација на иновации. сст/фф/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман