Утрински Весник
Магазин

Гвен Стефани зрачи со радост додека го покажува вереничкиот прстен од Блејк Шелтон

Гвен Стефани зрачи со радост додека го покажува вереничкиот прстен од Блејк Шелтон

Таа, наводно, добила зелено светло од Католичката црква да го поништи нејзиниот поранешен брак со Гевин Росдејл претходно овој месец.

Поп ѕвездата Гвен Стефани изгледа дека е пресреќна со нејзиниот вереник, кантрипејачот Блејк Шелтон, а тоа го покажува со својата заразна насмевка откако во четвртокот го посети домот на еден пријател во Лос Анџелес.

Свршеничкиот прстен на 51-годишната фронтменка на No Doubt, чија вредност е проценета на 500 000 долари, блеска на сонцето исто како и нејзината насмевка, коментираат таблоидите.

Блејк Шелтон, кој започна да се дружи со Гвен во 2015 година, ѝ го постави прашањето минатиот  октомври кога патуваа во Оклахома.

Гвен го сподели прстенот кратко време откако рече „да“ на симпатична фотографија на Инстаграм на која се бакнува со Блејк, а неодамна на своите фанови им даде уште еден поглед со видеото Let Me Reintroduce Myself.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

Започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail на бескрајната белина на Соленото Езеро

Зошто постојано го проверуваме телефонот и како да ја контролиме навиката?