Стратегот на Наполи, Џенаро Гатузо ќе потпише нов договор до летото 2023 година, пренесуваат италијанските.
По поразот од Барселона, Гатузо се состанал со претседателот Де Лаурентис и бил постигнат договор за продолжување на соработката.
Популарниот Рино за продолжувањето на соработката ќе добие покачување од 1.6 милиони евра по сезона плус одредени бонуси.
Покрај тоа, екс-фудбалерот добил гаранции дека Наполи ќе биде активен на трансфер пазарот, што веќе се покажа со ангажманот на Виктор Исимена за 50 милиони евра од Лил.
Гатузо бара замена и за Хозе Каљехон кој си оди од Неапол, па останува да се види дали Де Лаурентис ќе му ја исполни желбата.
Му ветил на газдата – борба за врвот во Серија А и враќање во Лигата на шампиони.
> Гатузо ќе добие нов договор, до 2023-та! <