Утрински Весник
Спорт

Гасперини: Се чини дека на Аталанта повеќе не ѝ треба тренер

Избор во Серија А: Гасперини најдобар тренер во сезоната 2018/19
Dik 300x250 mk

Бергамо, 25 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, ги сподели своите импресии по мечот со Лацио (3:2) од 27. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат.

Поради дисквалификација, Гасперини средбата ја гледаше од трибините.

– Не е забавно да гледате натпревар од трибините, затоа што не можете да направите ништо, дури и да им давате совети на вашите играчи. Не беше лесно, но во исто време и јас сум многу задоволен, бидејќи добив впечаток дека на овој тим повеќе не му треба тренер. Тие точно знаат што да прават. Само треба збор или гест за да го направат она што им е потребно. Оваа Аталанта има зрелост и непоколеблива самодоверба дури и во најтешките ситуации, како вечерва. Добија натпревар по 0:2 против тим како Лацио, постојано одржувајќи ја самодовербата дека ќе има пресврт. Само неколку екипи се способни за тоа, изјави Гасперини.

Аталанта е четврта на табелата во Серија А со 54 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа