Утрински Весник
Спорт

Галијани: Ни треба „Брегзит“ во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа Европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен „Брегзит“, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиерлигата.

dobivaj vesti na viber

Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.

Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).

Можете да прочитате

ПСЖ во јануари ќе му плати 30 милиони евра на Интер за Шкриниар

Милевски: Без разлика на се, мислам дека сме на вистинскиот пат

„Аѕурите“ одат на Ф4 во Лигата на нации