Утрински Весник
Спорт

ВТА турнирот во Прага може да се одржи во август

ВТА турнирот во Прага може да се одржи во август

Прага, 29 јуни 2020 (МИА) – Женската тениска асоцијација има намера да одржи турнир во Прага од 10 до 15 август на земјени терени, пренесува „sport.ceskatelevize“.

Турнирот првично беше закажан за крајот на април, но беше одложен поради пандемијата на коронавирус. Наградниот фонд на натпреварувањето во чешката престолнина ќе биде 225 илјади долари.

Претходно, ВТА го најави продолжувањето на сезоната од 3 август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата

Рустемовски избори четвртфинале на ЕП во бокс

Струга реди домашни победи без примен гол