Утрински Весник
Магазин

Вработување врз основа на следачи, а не на талент? Џенифер Анистон вели шоубизот не е како што беше

Вработување врз основа на следачи, а не на талент? Џенифер Анистон вели шоубизот не е како што беше
Dik 300x250 mk

Џенифер Анистон мисли дека забавната индустрија сега е помалку гламурозна од некогаш.

52-годишната актерка достигна светска слава како Рејчел Грин во „Пријатели“, но сега смета дека индустријата драматично се променила во последните години.

Во интервју за „Холивуд Репортер“ таа вели: „Веќе не знам што е забавна индустрија. Не е истата како порано. Веќе не е толку гламурозна. Полека станува збор за следачи на Тикток и на Инстаграм.“

„Се чини дека сега вработуваат врз основа на бројот на следачи, а не врз основа на талентот. Губам контакт, не сум добра во тоа. Ќе останам релевантна и ќе се придружам на Тикток,“ рече таа со мала доза на иронија.

Џенифер всушност се приклучи на Инстаграм во октомври 2019 година, многу подоцна од другите селебрити-личности, и стана корисник кој најбрзо достигна еден милион следачи. Таа тогаш призна дека генерално ужива во интеракција со своите фанови.

Разговарајќи за својот однос кон социјалните мрежи, актерката објасни: „Еднаш прашав дали може да се приклучам на Твитер на еден ден и потоа да го деактивирам профилот. Ми рекоа дека треба да продолжам без разлика дали тоа ми се допаѓа или не.“

Можете да прочитате

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка