Утрински Весник
Македонија

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за перидот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк.

Како што беше соопштено, платата ќе биде исплатена за два дена.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната прес-конференција по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека до крајот на мај ќе биде донесен новиот Колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки.

Неделков објасни дека спорна била исплатата на дневниците во детските градинки кои штрајкуваа, но денес со измената на Колективниот договор во тој дел, регулирано е и ова право на вработените на кои СОНК сметаше дека не е во ред да им се скрати од платата.

„МТСП имаа разбирање за тоа што го баравме. Го усогласивме и овој дел и сметам дека овој процес конечно е затоврен“, рече Неделков.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор