Утрински Весник
Свет

Во Хрватска откриена јахта на сопруга на руски олигарх

Во Хрватска откриена јахта на сопруга на руски олигарх
Dik 300x250 mk

Ирина Ву, 35-метарската јахта на сопругата на санкционираниот руски олигарх Алишер Усманов, која во понеделникот ја откри хрватскиот портал „Оштро“, моментално е на копно во близина на марината Бетина на островот Муртер. Откако „Оштро“ го објави текстот како дел од меѓународниот истражувачки проект Russian Asset Tracker, читател им испратил фотографии од бродот.

Министерството за море, транспорт и инфраструктура потврдил за порталот дека минатата недела била издадена привремена забрана за користење и заминување на три пловни објекти „поради основано сомневање дека сопственикот на јахтата е поврзан со лицата на списокот со санкции“. Пловилата се наоѓаат во пристаништето Бетина, во Скрадин и во пристаништето Риека. Министерството не потврдило дали меѓу нив е и јахтата Ирина ВУ.

„Оштро“ ја открил јахтата додека работел на меѓународен проект заедно со 25 медиуми. Досега се откриени повеќе од 145 субјекти во вредност од околу 17,5 милијарди долари, поврзани со лицата на списокот 35 на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. На него се олигарси и руски функционери за кои верува дека биле вмешани во неговото труење и затворање.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети