Утрински Весник
Македонија

Во Тетово затворени 4 угостителски објекти, затекнати 27 лица без ковид-сертификат

Во Тетово затворени 4 угостителски објекти, затекнати 27 лица без ковид-сертификат

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера беа извршени инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетово и околните населени места.

Притоа, времено се затворени четири објекти и од страна на ДПИ запечатени се со пломби. Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата.

Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на УЈП по основ на неиздавање фискални сметки.

Инаку, во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните ковид-сертификати (потврди), а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци, кои вршеле работа како обезбедување на објектите.

Можете да прочитате

Лешочкиот фестивал за камерна музика ја пречекува магијата на трио „Анимато“

Во Трубарево PM₁₀ честичките во рамки на дозволените граници

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите