Утрински Весник
Македонија

Во случајот Рашковски се осомничени четири лица

Rashkovski 1 696x464

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, објави „360 степени“.

Во случајот се осомничени четири лица, меѓу кои и доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според непотврдените информации на „360 степени“, обвинителството предлага определување мерка притвор за Рашковски и за уште едно лице, најверојатно сопственикот и управител на фирмата која ја добила спорната јавна набавка за софтверот „Инвока гроуп“. Судот издал наредба за приведување на Рашковски.

Можете да прочитате

Драма на автопат: Возач бегал од полиција и фатен со 65 кг дрога

Пресечен транспорт на дрога во близина на Градско, две лица лишени од слобода, следува кривична пријава

ВЛЕН: АХМЕТИ СИ НАПИША ПИСМО САМ НА СЕБЕ!