Утрински Весник
Свет

Во Словенија на помош доаѓаат 30 лекари и медицински сестри од Италија

Во Словенија на помош доаѓаат 30 лекари и медицински сестри од Италија
Dik 300x250 mk

На Словенија која се бори со четвртиот бран на пандемијата на Ковид-19, ќе и’ помагаат 30 лекари и медицински сестри од Италија, објавија медиумите.

Договорот за доаѓање на медицинскиот тим од италијанската армија во словенечките болници за коронавирус е постигнат во средата на средбата меѓу словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин и неговиот италијански колега Лоренцо Гуерини.

Болниците речиси го достигнаа максималниот капацитет во последните денови по големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус. Епидемиолозите ја оценуваат состојбата како влошена и сметаат дека се потребни построги мерки.

 

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи