Утрински Весник
Македонија

Во првата недела од мај за 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Во првата недела од мај за 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај), тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите за тестирање за присуство на коронавирусот, што зголемување од 5,4% во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на неделата претходно.

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, односно во просек 7,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистрирани има кај децата до 9 години (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%)“, информираат од ИЈЗ.

Кај починатите лица, во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

По добиени два негативни теста, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со претходната недела.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 3 до 9 мај, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во државата се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово