Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Португалија заразените со ковид ќе можат да излезат од дома за да гласаат на избори

Во Португалија заразените со ковид ќе можат да излезат од дома за да гласаат на избори
Img 7972

Португалските гласачи заразени со коронавирус, како и оние кои се во изолација, ќе можат да ги напуштат своите домови за да гласаат на предвремените избори на 30 јануари, објави владата.

Вчера, Португалија, каде што беа вакцинирани речиси 90 отсто од 10 милиони луѓе, имаше рекордни 43.729 новозаразени со омикрон. Бројот на хоспитализирани и починати е значително помал во однос на претходните бранови.

Министерот за внатрешни работи Франциско Ван Дунем рече дека гласачите во изолација треба да гласаат од 18 до 19 часот, апелирајќи ги да не доаѓаат на гласање порано. Овие гласачи мора да носат маска и да држат дистанца, додека можат да го напуштат својот дом само за да гласаат.

„Потребен ни е договор кој ќе им овозможи на сите да гласаат безбедно“, рече Ван Дунем, барајќи од изолираните гласачи да не стигнуваат до гласачките места со јавен превоз, туку пеш или со свои возила.

Граца Фреитас, шеф на јавното здравствено тело на СБС, рече дека нема да има специјално обележани избирачки места за лицата со Ковид-19.

„Оваа одлука за одредување период на гласање нема целосно да ја спречи заразата, но ќе го минимизира ризикот“, рече Фрејтас. Изборите беа распишани откако парламентот го отфрли предлог-буџетот за 2022 година за малцинските социјалистички влади. Според анкетите, социјалистите на премиерот Антонио Коста имаат значителна предност, но веројатно недоволна за парламентарно мнозинство.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација