Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија успешно се контролира пандемијата со Ковид-19

Во Гевгелија успешно се контролира пандемијата со Ковид-19

Гевгелија,29 јуни 2020(МИА) – По точно три месеци откако во Гевгелија беше регистриран првиот заболен од корона вирусот, до денеска на подрачјето на општината заболеле вкупно 10 лица од Ковид-19, што значи дека сме успеале успешно да ја контролираме пандемијата, што беше констатирано и од министерот за здравство Венко Филипче, изјави денеска епидемиологот Сашко Олумчев.

– Нашата општина како погранично место,каде што циркулираат лица од различни земји и мигранти во ПТЦ „Винојуг“ до сега мошне успешно ја менаџираше кризата со корона вирусот. Од заболените, седум лица оздравеа, а тројцата се во фаза на тестирање и очекувам и тие да се негативизираат, нагласи Олумчев.

Ги повика гевгеличани доследно да ги применуваат мерките за заштита од ширење како и досега, со цел да се одржи и понатаму стабилна епидемиолошката состојба во општината, особено сега, кога се отворија и граничните рампи.

Во гевгелискиот Центар за јавно здравје се направени 500 тестирања во кои влегуваат и оние од скринингот на вработените во градинките и пограничната полиција.

Олумчев смета дека повторното зголемување на бројот на инфицирани лица во земјава е резултат на прераното олабавување на рестриктивните мерки, но и на неподготвеноста и потценувањето од некои што сметаа дека се работи за обичен грип.

– Апелирам до гевгеличани да не го спуштиме гардот во ниту еден момент од причина што вирусот во летниот период може да претставува голема опасност поради зголемениот проток на луѓе и туристи низ општината, рече Олумчев кој очекува дека ќе има трансфери на вирусот во контролирана, а не хаотична бројка. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово