Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија се уредува простор за повозрасни лица со посебни потреби

Во Гевгелија се уредува простор за повозрасни лица со посебни потреби

Гевгелија, 12 февруари 2020 (МИА) – Центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ од Гевгелија почна со реновирање на просторот кој општина Гевгелија им го додели на користење во наредните 10 години.

Објектот има корисна површина од 100 метри квадратни и поголема дворна површина, а ќе биде наменет за згрижување на повозрасни штитеници на центарот кои дневно имаат потреба од престој подолг од  пет часа.

– За нашите штитеници во дворот ќе уредиме повеќенаменско игралиште со фитнес справи за подобрување на физичката активност, затворена градина во која ќе се одгледуваат цвеќиња,зеленчук и овошје,мини фарма и уметничка работилница со цел лицата со посебни потреби да стекнуваат навики за животни и комуникациски вештини и за нивна поголема социјална инклузија, нагласија од центарот „Мајка Тереза“.

Реконструкцијата на објектот, во градската населба  „Касарна“, ја помагаат неколку локални фирми и поединци преку донации. им/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на Фестивалот „Питијада 2024“ – прослава на велешка пита и вино

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра за реформите – Северна Македонија добива зелено светло за предфинансирање

Меџити ја постави дилемата зошто Уставниот суд одлучува со просто мнозинство