Утрински Весник
Македонија

Во гевгелиско се обновуваат детските игралишта

Во гевгелиско се обновуваат детските игралишта
300x250 (7)

Гевгелија, 6 март 2020 (МИА) – На неколку локации во градот и во населените места во општина Гевгелија во тек е акција за обновување на детските игралишта што ја реализира јавното комунално претпријатие со подршка од општината.

– Детските играчки целосно се обновени на игралиштето на улица „Гоце Делчев“ во Гевгелија, ново детско игралиште е уредено во дворот на подрачното основно училиште во Мрзенци, обновено е постојното игралиште и во Миравци,а наредниве денови акцијата за обнова и уредување на детски игралишта ќе продолжи прво во селото Богородица па потоа и во други населени места, посочија денеска од ЈПКД „Комуналец“.

Ss1

Од општината посочија дека во текот на минатата година биле уредени или обновени повеќе детски игралишта меѓу кои детското катче во центарот на Гевгелија,во дворот на Пионерскиот дом, нови детски игралишта биле уредени во Давидово и Милетково, детско катче било поставено во училиштето во Смоквица,а нов парк добила и детската градинка во Миравци. им/нд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk