Утрински Весник
Свет
Img 7972

Во БиХ 52 смртни случаи и 1.200 новозаразени

Во БиХ повеќе од 1.700 новозаразени, 49 починати
Img 7972

Уште 52 лица починаа во Босна и Херцеговина како последица на коронавирус, додека повеќе од 1.200 нови случаи беа пријавени во земјата денеска, според податоците објавени од институтите за јавно здравје.

И покрај тоа што дневниот број на нови инфекции во текот на целата недела е значително помал отколку во Хрватска или Србија, сепак бројот на смртни случаи во БиХ е сè уште релативно голем, а од почетокот на епидемијата во март до сега е 2.864.

Во четвртокот, регистрирани се 24 нови смртни случаи во Федерацијата БиХ, каде тестовите идентификуваа 832 нови случаи на инфекција, додека во Република Српска имало 28 починати и 383 новозаразени.

Во изминатите 24 часа, тестирани се нешто повеќе од четири илјади примероци.

Во БиХ сè уште се на сила релативно благи рестриктивни мерки, освен во областа Брчко, a на сите угостителски објекти им е дозволено да работат во согласност со епидемиолошките мерки. Носењето заштитни маски е задолжително на отворено, а ноќе има мерка за ограничување на движењето за луѓето кои не се врзани со работни циклуси.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација