Утрински Весник
Спорт

Војнаровски: Адам Силвер не сака да го скрати плеј-офот

Војнаровски: Адам Силвер не сака да го скрати плеј-офот
Dik 300x250 mk

Вашингтон, 22 мај 2020 (МИА) – Инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, објави дека дека комесарот во НБА не размислува да го намали бројот на натпревари во плеј-офот, доколку сезоната продолжи.

– Адам Силвер сака плеј-офот да се одржи во форма прв до четири победи. Тој не сака да ја намали серијата. Тој има желба да се обиде да го легитимира статусот на шампион, напиша Војнаровски на социјалните мрежи.

НБА лигата има за цел да ја продолжи сезоната по суспензијата во март поради пандемијата на коронавирус.

Најверојатно сценарио е да се доигра преостанатиот дел од сезоната почнувајќи од јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето