Утрински Весник
Македонија

Возило удри во двајца пешаци во Скопје

Вчера во 20.15 часот било пријавено дека на крстосница од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(39) од Скопје, удрило во пешаците Д.К.(60) од Пехчево и малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата Д.К. се здобила со тешки телесни повреди, а малолетникот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите