Утрински Весник
Македонија

Водата од водоводот Лукар безбедна, се укинува препораката за превривање пред употреба

Да се преврива водата за пиење од регионалниот водовод ,,Лукар”, заматеност поради топење на снег

Кавадарци, 13 април 2020 (МИА) – Водата од водоводот Лукар е безбедна. Се укинува препораката за превривање пред употреба, донесена пред неколку дена, кога водата се замати поради поројните дождови и топењето на снегот од повисоките места. Од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, известуваат дека за ова биле информирани од Центарот за јавно здравје.

-Согласно на известувањето, резултатите од анализите на последните земени мостри на вода за пиење од градскиот водовод, покажаа како физичко хемиска, така и бактериолошка исправност на водата. Водата е безбедна за пиење, нагласуваат од комуналното претпријатие. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово