Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат 1.090 проекти од кои 166 капитални

ВМРО-ДПМНЕ: За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат 1.090 проекти од кои 166 капитални

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена работеа да ја оправдаат довербата на своите сограѓани и покрај сите предизвици и проблеми со кои се соочени, и покрај сите долгови кои СДСМ ги остави зад себе имаат и знаење и способност да реализираат проекти, велат во писменото соопштение од опозициската партија. Во изминатите 100 дена, додаваат од таму, реализирани се 1.090 проекти од кои 166 проекти се капитални.

„Реализирани се 68 проекти во областа на образовната инфраструктура, 33 проекти во градинки, изградени и реконструирани се 206 улици во должина од приближно 100 километри, се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови, а расчистени се 200 диви депонии. Ова е резултат на посветеност и многу работа. Tоа што СДСМ не сработил значи мотив дека ВМРО-ДПМНЕ треба да работи повеќе и да постигне двојно во интерес на граѓаните“, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие сто дена, како што нагласуваат од партијата на Мицкоски се само почеток. Секои наредни 100 дена, дополнуваат од таму, ќе има нови проекти и решенија за потребите на граѓаните.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт