Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.

Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери.

Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел.

Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен