Утрински Весник
Македонија

Владина делегација предводена од Заев им оддаде почит на ослободителите на Скопје

Владина делегација предводена од Заев им оддаде почит на ослободителите на Скопје

По повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на Скопје, на настанот организиран од градските власти, денеска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Во придружба беа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

„Во чест на борците кои на 13 ноември 1944 година ја донесоа слободата, членовите на владината делегација оддадоа почит и положија цвеќе и на Алејата на заслужните и пред Споменикот на Ослободителите во дворот на Владата“, информираат од владината прес-служба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено