Утрински Весник
Македонија

Влада: Професорот Георгиев си дозволи да пласира политички пораки кои немаат врска со реалноста

Влада: Професорот Георгиев си дозволи да пласира политички пораки кои немаат врска со реалноста

Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Георгиев, си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, велат во официјално соопштение од Владата, откако професорот денеска поднесе оставка од историската комисија.

Од Владата исто така информираат дека само пред една недела професорот Георгиев со слободна волја потпишал договор за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата.

Во соопштението исто така категорично се отфрла било каква инсинуација дека имало било какво влијание за одлуката на професорот да го прекине својот ангажман.

„Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата, секој член на нашиот дел од Комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество“, нагласуваат од Владата и додаваат дека ја почитуваат одлуката на професорот и се заблагодаруваат за неговиот досегашен ангажман.

Можете да прочитате

ВЛЕН: АХМЕТИ СИ НАПИША ПИСМО САМ НА СЕБЕ! 

Армијата ќе добие ново вооружување 

Родителите од Кочани бараат дали се направени токсиколошки анализи, ако за 3 дена не добијат одговор ќе протестираат пред Судска медицина