Утрински Весник
Македонија

Владата одлучи Македонија да се вклучи кон кон глобалната набавка на идната вакцина против Ковид-19

Владата одлучи Македонија да се вклучи кон кон глобалната набавка на идната вакцина против Ковид-19

Владата на седница ја разгледа и усвои Информација за можноста земјата да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини.

Владата го овласти министерот за здравство, Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски