Утрински Весник
Македонија

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата ќе ја одржи 68-мата седница, ќе одлучува дали ќе има промена на полицискиот час

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница, со повеќе точки на дневниот ред , информираат владините служби.

На седницата, која ќе започне во 12:00 часот, ќе биде разгледан Записникот од триесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Ковид-19, одржан на 10.5.2021 година, со Записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, одржан истиот ден.

Тогаш Главниот координативен штаб и препорача на Владата нови мерки кои според нив би требало да важат од 12 до 18 мај.

Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорачува на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница.

Според новите мерки што се предлагаат, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 05:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници. Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките, односно од 15 на 20 деца.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се уште е рано за да се даде општа препорака заштитните маски да не се носат на отворено.

Можете да прочитате

Училиштето знаело за семејното насилство врз Ивана уште од првиот училишен ден

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

ВМР-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените