Утрински Весник
Македонија

Вицепремиерката Царовска на средби со Сојузот на пензионерите и Занаетчиската комора

Царовска и Шкријељ во Крива Паланка: Сите одлуки ќе ги носиме заедно, се бориме за поголема застапеност на жените во политиката

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска денеска ќе има средби со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и на Занаетчиската комора.

Вицепремиерката Царовска, придружувана од претставници на Министерството за труд и социјална политика, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и членови на здружението „Хуманост“, ќе оствари средба со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Средбата ќе се одржи во дворот на основното училиште „Киро Глигоров“ во скопската населба Капиштец.

По ова, Царовска ќе има средба со извршниот директор и членови на Занаетчиската комора.

Средбата ќе се одржи во објектот на Занаетчиската комора на влезот на Старата скопска чаршија. сп/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола