Утрински Весник
Свет

Виталиј Кличко му се закани на рускиот претседател

Виталиј Кличко му се закани на рускиот претседател

Поранешниот легендарен боксер Виталиј Кличко, сегашен градоначалник на Киев, вежба одбрана од можна руска агресија со своите колеги, локални политичари, пишува германскиот дневен весник „Билд“.

На воениот полигон Кличко вежбаше како да се одбрани од руските тенкови.

„Убеден сум дека мора да бидеме добро подготвени, во случај на потреба, да ги браниме нашиот град, жителите и државата“, рече Кличко, нагласувајќи дека тој е одговорен за безбедноста на граѓаните.

Тој најави дека овие вежби ќе се одржуваат редовно во иднина.

Неговата порака, истакна тој, до рускиот претседател Владимир Путин е: Без борба нема да ја освоите нашата земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати