Утрински Весник
Свет

Виенскиот терорист имал контакти и со исламисти од Германија и Швајцарија

Виенскиот терорист имал контакти и со исламисти од Германија и Швајцарија
Dik 300x250 mk

Истражните органи на Германија вршат претреси во неколку објекти поврзани со германската исламистичка сцена. Поточно, станува збор за лица кои наводно биле во контакт со Кујтим Фејзулаи, атентаторот од Виена, пишува „Дојче веле“.

Во своето обраќање до Бундестагот во четвртокот, министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, го спомна ова само патем. Атентаторот од Виена, кој во понеделникот уби четири и повреди повеќе од 20 лица во центарот на Виена, имал контакти и со исламистичката сцена во Германија. Сега постојат конкретни индикации за тоа.

Според јавниот сервис АРД, во тек е полициска акција во неколку објекти кои се поврзани со германската исламистичка сцена. Се вршат претреси во Касел, Оснабрик и Пинеберг во северна Германија.

Атентаторот со албанско потекло, роден во Виена, се сретнал лично со двајца германски исламисти ова лето во Виена. Имал директен и индиректен контакт со други двајца преку интернет, пренесува АРД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија