Утрински Весник
Свет

(Видео) Шумски пожар во Мармарис зафати хотел, гостите се евакуираат

Пожарот што денеска избувна во турскиот град Ичмелер кај Мармарис почна да се шири, а пожарникарите беа принудени да работат од воздух и од земја.

dobivaj vesti na viber

Пожарот зафатил хотел, туристичко училиште и вила.

Во тек е евакуација на туристи од хотелот.

Турската крајбрежна стража го обезбеди заливот и го прекина водениот сообраќај во областа каде авиони и хеликоптери собираат вода за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Причината за пожарот се уште не е позната, но со оглед на сцените од Турција минатата година, има сомнеж дека пожарите се подметнати,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот