Утрински Весник
Свет

(Видео) Хакери ја емитувале пораката на Зеленски за капитулација

(Видео) Хакери ја емитувале пораката на Зеленски за капитулација
Dik 300x250 mk

Каналот „Украина 24“ објави изјава во која украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно, ја повикал армијата да го остави оружјето.

„Прво решив да го вратам Донбас, не успеа. Беше само полошо. Многу полошо. Нема повеќе утре, барем за мене. А сега решив да се збогувам со вас. Ве советувам да го оставите своето оружје и да се вратите на вашите семејства“, се наведува во пораката.

Се претпоставува дека телевизиската програма е хакирана и дека е емитувана лажна видео порака на Зеленски.

Зеленски потоа одговори на неговиот профил на Телеграм со видео порака.

„Ние сме тука и се бориме за нашата Украина. Нема да предадеме никакво оружје.“, рече тој.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот