Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Сушата во Кина откри будистички статуи стари 600 години

300x250 opst2

Ниските нивоа на водата во реката Јангце открија потопен остров во југозападниот град Чонгкинг и три будистички статуи за кои се верува дека се стари 600 години, јавува државната новинска агенција Ксинхуа.

dobivaj vesti na viber

На највисокиот дел од островот се пронајдени три статуи. Се верува дека се направени за време на владеењето на династиите Минг и Кинг. На една од статуите е прикажан монах како седи на престол во форма на лотос.

Нивото на водата на реката Јангце нагло опаѓа поради сушите и топлотниот бран во југозападна Кина.

Количината на врнежи кај Жолта река од јули е за околу 45 отсто помала од вообичаеното, а високите температури ќе траат најмалку уште една недела, прогнозираат метеоролозите.

Можете да прочитате

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија