Утрински Весник
Свет

(Видео) Разбојници во БиХ украле два и пол тона кафе

(Видео) Разбојници во БиХ украле два и пол тона кафе
Dik 300x250 mk

Ноќта помеѓу вторникот и средата, засега непознати лица ги ограбиле производствениот погон и магацинот на компанијата „Маркафе“ од Кисељак во БиХ, носејќи големи количини на кафе.

https://www.youtube.com/watch?v=LQr7PIW_sk4

Како што потврдиле од „Маркафе“ за порталот „Кликс“, разбојниците влегле во зградата преку прозорецот од задниот дел, каде го паркирале комбето на оваа компанија, црвен „ситроен џампер“. Иако носивоста на комбето е 1,5 тон, разбојниците успеале да го натоварат со дури 2,5 тони кафе.

Според сопственикот, разбојниците биле добро информирани, знаеле најдобро место за влез во објектот, а потоа во канцеларијата ги барале клучевите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците