Стотици жени од Данска објавија видеа на кои танцуваат и се забавуваат во знак на поддршка на премиерката Санија Марин, која со денови е во центарот на вниманието откако се појави видео на кое се гледа како таа танцува на забава во приватна куќа.
Снимките на која жените танцуваат и уживаат со пријателите беа објавени под хаштагот солидарност со Сана и се споделуваат откако финската премиерка се соочи со критики за нејзиното однесување и способност да ја извршува функцијата, откако протекоа видеа на кои таа пее и танцува на забава со пријателите.
Критичарите на Сана велат дека видеата покренуваат прашања за нејзиното лично и политичко расудување. Премиерката, пак, ги оспори тврдењата дека се дрогирала на забавата и открила дека направила тест за дрога, чии резултати наскоро ќе бидат објавени.
Love it! Danish women are posting videos of themselves partying while tagging Finnish Prime Minister Sanna Marin.
To show “Solidarity with Sanna” pic.twitter.com/8gsUTuROLJ
— Very Finnish Problems (@VFinnishProbs) August 20, 2022
Таа се соочи со критики од опозициските партии, а еден од лидерите на опозицијата побара да направи тест за дрога, откако се појави споменатата снимка.
По бурните реакции на финската јавност, Сана изјави дека не прави ништо друго освен „танцува, пее, гушка пријатели и пие алкохол“.
„Се надевам дека во 2022 година ќе биде прифатено дури и оние кои носат важни одлуки да играат, да пеат и да одат на забави“, рече Марин.
Во знак на поддршка и како одговор на острите реакции на јавноста за приватниот живот на премиерката, стотици жени објавија свои видеа на кои танцуваат, пијат и ја поддржуваат.