Утрински Весник
Свет

(Видео) Повеќе од 30 загинати во израелските воздушни напади врз Источна Сирија

(Видео) Повеќе од 30 загинати во израелските воздушни напади врз Источна Сирија
Dik 300x250 mk

Најмалку 31 лице загина во воздушните напади извршени од Израел во Источна Сирија, објави во телевизискиот канал „Ал Арабија“ повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација со седиште во Лондон.

Претходните извештаи велат дека загинале 23 лица.

Според невладината организација, израелските одбранбени сили рано утринава извршиле серија воздушни напади врз складишта за оружје и позиции на сириската војска во предградијата на Деир ез-Зор и Ал-Букамал во близина на сириско-ирачката граница.

Прес-службата на Израелските одбранбени сили одби да ги коментира извештаите за воздушни напади во источна Сирија.

Сирија често е цел на напади за кои се смета дека се резултат на израелските воени операции кои се спротивставуваат на иранското воено присуство во соседната арапска република – нешто што Дамаск го осудува како повреда на сирискиот суверенитет.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин