Утрински Весник
Свет

(Видео) Повеќе од 100 автомобили учествуваа во верижен судир на автопатот во Илиноис

(Видео) Повеќе од 100 автомобили учествуваа во верижен судир на автопатот во Илиноис

Верижен судир при снежно невреме, во кој учествуваа повеќе од 100 автомобили, затвори дел од меѓудржавниот автопат во американската сојузна држава Илиноис, соопшти денеска локалната полиција.

Дел од автопатот 39 во близина на Ел Пасо, Илиноис, беше затворен по неколку несреќи кои почнаа да се случуваат вчера попладне по локално време, пренесуваат агенциите.

Локалните власти не пријавиле повредени во несреќите, јавува Ројтерс.

Автопатот ќе биде затворен 12 часа меѓу градовите Нормал и Минок, објави државната полиција на Илиноис на Твитер.

Според видеото што го направил по несреќата, возачот на камионот Дејвид Тросер се излизгал од патот при верижен судир, а на видеото се гледаат бројни автомобили, камиони и приколки со трактор расфрлани на патот.

Луѓето се мачеа да ги ослободат возилата од снегот, а на една лимузина и беше откорнат целиот заден дел, опишува тој.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“