Неколку луѓе се убиени, а неколку ранети во пукање во желзеничко депо во Сан Хозе, Калифорнија, кое се случило во средата наутро, соопшти канцеларијата на шерифот.
Пукањето се случило нешто пред 7 часот наутро по локално време.
Заменик-шерифот на округот Санта Клара, Расел Дејвис, за новинарите изјави дека има повеќе мртви, но дека им треба повеќе време за да ја откријат точната бројка.
Retired ATF Special Agent Jim Cavanaugh says Americans need to blame the gun lobby, not mentally ill people for mass shootings like the one in San Jose. pic.twitter.com/p0sNXS0sQd
— Sarah Reese Jones (@PoliticusSarah) May 26, 2021
Напаѓачот е мртов, додаде Дејвис. Тој рече дека не може да го идентификува пукачот или да потврди како е убиен.
Пукањето се случило во железничко депо, под раковдство на Управата за транспорт на Санта Клара, во близина на главниот градски аеродром, а на неколку лица им била укажана медицинска помош, објави на „Твитер“ градоначалникот Сем Ликардо.
„Напаѓачот повеќе не е закана, а објектот е евакуиран“, напиша Ликардо.
Сан Хозе, град со околу милион жители, се наоѓа во срцето на Силиконската долина, која важи за глобален центар за технолошки иновации и е дом на некои од најголемите американски технолошки компании.
Дејвис најави повеќе информации за подоцна.
Локалниот огранок на Еј-би-си њуз објави дека зградата не била отворена за јавноста, па напаѓачот во објектот веројатно го пуштил некој од вработените, а можно е и да провалил.