Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Заев: Неуморно работиме за богатството на Охрид да го зачуваме за идните генерации

(Видео) Заев: Неуморно работиме за богатството на Охрид да го зачуваме за идните генерации
Img 7972

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид, Костадин Георгиевски, денеска извршија увид во активностите на комуналните служби преземени за исполнување на препораките на УНЕСКО, во делот на уредување и управување со крајбрежјето.

Притоа, Заев истакна дека на терен може да се посведочи сериозната посветеност на општината во исполнување на препораките.

„Охрид, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт, покажа волја и подготвеност за отстранување на бесправните градби на плажите. Во тек е процес со кој се става крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас“, порача премиерот.

Тој нагласи дека речиси целосно се расчистени плажите од Пештани до хотел „Метропол“.

„Отстранети се нелегалните платформи, постаменти и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро“, истакна Заев.

Тој најави дека во моментов течат активности со кои општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите.

Премиерот порача дека независно од тоа каква ќе биде одлуката на Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО, властите цврсто стојат на ставот за регулирање на овие состојби.

„Да потсетам дека предлог-одлуката е базирана на Извештајот на УНЕСКО за состојбите до јануари 2020 година, а ние од тогаш до денес постигнавме значителни резултати во насока на исполнување на сите препораки. Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат“, нагласи Заев.

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции