Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев на состанок со борците во првите редови против Ковид-19: Правите големи жртви, сите сме ви благодарни

(Видео) Заев на состанок со борците во првите редови против Ковид-19: Правите големи жртви, сите сме ви благодарни

Премиерот Зоран Заев денеска преку видео врска одржа состанок со претставниците на Министерствата за здравство, внатрешни работи и за одбрана, како и припадниците на Црвениот Крст и Противпожарната бригада, кои изминатата година беа во првите редови во борбата за справување со кризата која произлезе од Ковид-19 и се заблагодари за придонесот во успешното менаџирање со кризата, информира владината прес-служба.

Заев на сите им поскал пријатни празници со желба за здравје и успех во нивните работни задачи и им порачал дека тие се хероите на нашето време.

„Во оваа борба, за совладување на здравствената криза со пандемијата, во првите редови се вклучени лекарите и целиот медицински и друг помошен персонал во болниците, припадниците на МВР, нашите граѓани во униформа и цивилниот персонал на Армијата, волонтерите на Црвениот Крст и на другите хуманитарни организации, припадниците на противпожарните единици и сите останати вклучени во системот за справување со кризи. Сите вие, изминативе месеци, сте на првата линија во борбата со опасниот и непредвидлив вирус, притоа доведувајќи го сопственото и здравјето на своите блиски во опасност“, истакнал премиерот Заев.

Директорката на Клиниката за инфективни болести и координаторот на ковид-центрите на интерните клиники д-р Милена Стефановиќ и директорот на Клиниката за пулмологија д-р Дејан Докиќ го информирале премиерот за моменталната состојба во клиниките и ковид-центрите, оперативните планови кои се во функција и тековната координација околу очекуваното вакцинирање на популацијата со која ќе се стави крај на пандемијата.

На состанокот се обратиле и првите луѓе од другите сектори, информираат од Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово