Утрински Весник
Свет

(Видео) Две бебиња извлечени од урнатините во САД

(Видео) Две бебиња извлечени од урнатините во САД

Спасувачките служби на САД објавија снимка од спасување на две бебиња од урнатините откако американската сојузна држава Кентаки беше погодена од разорно торнадо.

Бебињата биле пронајдени во када во која ги сместила нивната баба за да ги заштити од торнада. Во налетот на ветерот излетала во дворот, но за среќа бебињата не биле повредено.

Ги пронашле спасувачите кои ги пренеле во болница, јавува BBC.

https://www.youtube.com/watch?v=h8–w3fnWmU

Да потсетиме, во оваа американска држава животот го загубија 76 лица, меѓу кои и шест деца. Торнадото срамни со земја многу куќи, фабрики, магацини и згради.

 

Можете да прочитате

Иран: Изјавата на Трамп за примирје е лажна

Трамп: Иран побара примирје – 24info.mk

Нетанјаху: Иран веќе не е егзистенцијална закана за Израел