Утрински Весник
Свет

(Видео) Гувернерот на Бејрут заплака додека даваше изјава за експлозијата

(Видео) Гувернерот на Бејрут заплака додека даваше изјава за експлозијата

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, заплака додека даваше изјава за експлозијата во главниот град на Либан во која според последните информации загинаа најмалку 25 лица, а 2.500 се повредени.

Абуд кажа дека сцената во Бејрут го потсетила на Хирошима и Нагасаки.

Запрашан дали експлозијата била предизвикана од пожар тој одговорил: „Не знаеме. Имаше пожар. Пожарникарите дојдоа да го изгаснат, тогаш експлозијата се случи и тие исчезнаа. Ги бараме нив“.

„Ова е национална катастрофа“, додаде тој.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

Си-ен-ен јави дека експлозијата се почувствувала на 240 километри оддалеченост од Бејрут. Според Европскиот сеизмолошки центар, експлозијата се почувствувала дури во Кипар.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната