Пожарникари се борат со шумските пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот бидејќи сушата и топлотниот бран создадоа идеални услови за ширење на пожарот.
Властите на префектурата Бордо соопштија дека во областа се распоредени речиси 120 пожарникари.
#landiras vidéo accélérée x6 #gironde #bordeaux #incendie pic.twitter.com/A9WkfkwXfY
— Maxence Bitterli (@Dgamax) July 12, 2022
Шумските пожари во областите Ландирас и Тест-де-Буч зафатија околу 450 хектари земја. Голем чад можеше да се забележи од Бордо, пренесува France info.
Телевизијата јавува и за евакуација на населението од неколку области. Француската метеоролошка служба издаде предупредување за топлотен бран, а денеска во регионот се очекуваат 37 Целзиусови степени.