Утрински Весник
Свет

(Видео) Во експлозијата во Бејрут загинаа 78 лица, а 4.000 се повредени

(Видео) Во експлозијата во Бејрут загинаа 78 лица, а 4.000 се повредени

Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут. Либанските спасувачки екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани во огромната експлозија што вчера го потресе главнот град Бејрут.

View this post on Instagram

Asi sintieron el impacto de la explosión en #Beirut personas en su día a día normal . . . . . . . . . . #beirut #explosion #venezolanospty #venezolanosenpanama #venezolanos #venezuela #vzla #panama #pty #507 #venezolanosenelmundo #venezolanosenelexterior #venezolanosenelextranjero #venezolanas #virus #coronavirus #prevencion #salud #covid19 #precaucion #panamacity #ciudaddepanama #panameños #panamá #quedateencasa #covid19panama #coronaviruspanama

A post shared by ?? ????? ???? (@el_gordodice1.0) on

Експлозијата се случи на пристаништето каде се сместени магацини со силен експлозивен материјал. Според податоците на германскиот геонаучен центар ГФЗ, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.

View this post on Instagram

#beirut #prayforbeirut?? #libanon??

A post shared by Explosion en Beirut el Libano (@beirut.explosion) on

Преседателот Мишел Аун изјави дека 2.750 тони амониум нитрат, што се користи за ѓубриво и за бомби, шест години бил складиран на пристаништето без мерки за безбедност, што според него, е неприфатливо.

View this post on Instagram

هذه بيروت .. حرقتولنا قلبنا الله ياخدكم الفيديو من قلب ست الدنيا #بيروت #لبنان ضربوها بالقلب وضربونا معها?? #lebanon #lebanon?? #beirut Pray for Lebanon ..

A post shared by Mariam مريم (@mariamsaliba) on

Абас Ибрахим, шеф на државната безбедност на Либан вели дека експлозијата е предизвикана од високо експлозивен материјал одземен од брод пред некое време и складиран во пристаништето. Премиерот на Либан, Хасан Диаб синоќа изјави дека одговорните за големата експлозија во опасниот магацин во бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа.

Врховниот либански совет за одбрана го прогласи градот Бејрут како област погодена од елементарна катастрофа и и предложи на Владата денеска да воведе вонредна состојба во либанската престолнина, се наведува во соопштение од Советот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ураганот Милтон носеше се пред себе – најмалку 16 жртви

Службеници на грчкиот остров Крф изнудувале пари од граѓани и бизнисмени

Се запали танкер во Балтичко море – ова се првите слики од пожарот