Утрински Весник
Свет

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги извлекуваат телата на починатите и на повредените од под урнатините, а според тамошните медиуми, во болниците нема веќе место за згрижување на повредените.

Според министерот за здравство Хасан Хамид, болниците се полни со повредени лица, така што во хотелите во центарот на Бејрут ќе бидат сместени пациенти на кои не им е потребна операција.

Делот од градот каде се случи експлозијата е уништен, а голем број на згради се сериозно оштетени. Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот геонаучен центар ГФЗ, а се слушнала и се чувствувала до Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот, пренесува АП.

Силни сигнали од експлозијата во Бејрут беа откриени и од станиците на Меѓународниот систем за следење на спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарни тестови во Тунис и Германија.

Во експлозијата во магацин за пиротехника загинаа над 100 лица, а повеќе од 4.000 се повредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната