Утрински Весник
Македонија

(Видео)Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје

 

Вчера полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

 

Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин.

Вчера по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени биле обезбедени материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги, соопштија надлежните.

Сппоред полицијата, во текот на денешниот ден од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Груби: Преку еднакво општество имаме корист сите

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе започнат по завршување на скринингот

Регистрирани нови 619 случаи на Ковид-19 и 4 починати лица