Утрински Весник
Македонија

Ветрот откорна кров од зграда во Аеродром

Ветрот откорна кров од зграда во Аеродром

Кров од зграда во Мичурин одлета по силниот ветер кој го зафати Скопје. Интервенираше и скопската Противпожарна бригада. Лимот од покривот, според првичните информации, не повредил никого, иако паднал на пешачката патека на улицата „Симеон Кавракиров“, близу контејери.

Жители на Мичурин, велат дека кровот не е среден повеќе од 20 години, а од него претходно паѓале и греди. Според станари, кровната конструкција не е санирана бидејќи општина Аеродром не дозволува реконструкција, а со објаснување дека зградата не е легализирана. На местото има и полициски службеници, додека пожарникарите проверуваат дали има опасност и остатокот од кровот да се откачи при нов ветер.

Ова не е првпат да има ваков инцидент. Минатите години, при невреме, се откачуваа и кровови од згради во Карпош 4, кои го блокираа целиот булевар „Паризански одреди“.

Можете да прочитате

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“