Утрински Весник
Македонија

Велешанец фатен со 11 пакувања хероин

Велешанец фатен со 11 пакувања хероин

Од страна на полициски службеници на СВР Велес денеска бил лишен од слобода В.Ј. (33), жител на овој град.

Како што информираат од МВР, по наредба од судија за претходна постапка, извршен бил претрес во домот на В.Ј., при што во дворот биле пронајдени 11 пакувања со прашеста материја со кафеава боја (хероин), една вага и 50.000 денари.

Велешанецот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп