Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Модерна“ ефикасна кај адолесценти од 12 до 17 години

Единствен начин да се отворат училиштата: Германија наскоро ќе ги вакцинира учениците

Вакцината против Ковид-19 на „Модерна“ се покажа ефикасна кај адолесцентите на возраст од 12 до 17 години и не покажа нови или поголеми безбедносни проблеми во клиничкото испитување, објави денес компанијата.

„Модерна инк“, чија вакцина беше одобрена за возрасни на возраст од 18 години и повеќе, соопшти дека наодите од студијата на адолесцентите ќе ги достави до Управата за храна и лекови на САД и до другите регулатори за итно одобрување за употреба на почетокот на јуни, објави „Ројтерс“.

На американските регулатори им требаше околу еден месец да анализираат слична студија на Фајзер-Бионтек, која беше одобрена на 10 мај за возраст од 12 до 15 години.

Доколку „Модерна“ го има истиот третман, нејзината вакцина може да биде одобрена на почетокот на јули.

Повеќето од децата заразени со Ковид-19 имаат лесни симптоми или воопшто немаат симптоми.

Сепак, децата исто така се изложени на ризик да се разболат сериозно или да го пренесат вирусот.

Вакцинирањето деца на возраст меѓу 12 и 18 години може да им овозможи на американските училишта и на летните кампови да ги релаксираат мерките поврзани со носење маски и социјално дистанцирање.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство