Утрински Весник
Свет

Британското Министерство за одбрана објави најнова карта на војната во Украина

Британското Министерство за одбрана објави најнова карта на војната во Украина
Dik 300x250 mk

Британското Министерство за одбрана објави нова дневна карта на војната во Украина. Според британските медиуми нема поголеми промени од претходните денови, кога целиот север беше означен како област под украинска контрола каде практично нема повеќе борби.

На север, Британците и натаму бележат бомбардирање на градови, но нема знаци на борби на теренот, ниту има знаци дека руската армија контролира кој било дел од северна Украина.

Според медиумите, најголемите битки моментално се водат на истокот и југот. Единствениот град за кој се смета дека е целосно опкружен е Мариупол. Русите се обидуваат да го окупираат од почетокот на војната. Тие постојано тврдеа дека го зазеле центарот на градот, дури и им понудиле на Украинците да ја напуштат областа без оружје, но украинските сили сè уште им даваат отпор.

Најголемиот град што го освоиле Русите бил Керсон на југот на земјата. На периферијата на градот со денови се водат жестоки борби, а се очекува дека Украинците ќе се обидат да го ослободат, особено што од почетокот на окупацијата во градот владее силно антируско расположение.

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време